НАЈЗЛОБНАТА ЖЕНА ВО ИСТОРИЈАТА: Украла 5.000 деца, а 500 од нив умреле во најголеми маки (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Ни по 59 години од смртта на Џорџија Тен, спомените од неа не бледнеат, а најновите документи и сведоштва за жената која масовно тргувала со деца во Америка се појавиле пролетва: прво како епизода од документарната радио серија „Криминал“, што покренало лавина на слични медиуми кои обработуваат такви теми.

Се проценува дека таа за тоа време киднапирала, односно украла околу 5.000 бебиња од родителите и ги продавала на нови фамилии. Децата ги крадела од тие од кои било најлесно, секако, од сиромашни фамилии. На Џорџија Тен „работата“ и „цветала“ 26 години, од 1924 до 1950 година.

Иако за тоа нема цврсти докази, не е исклучен фактот дека таа со овој криминал се занимавала и подолго време. Имала 33 години во 1924 година, кога од Мисисипи се доселила во Мемфис, во Тенеси и ја добила главната позиција во организацијата за пронаоѓање на нови фамилии на незгрижени деца. Организацијата до тој момент својот дел од работата за пронаоѓање на посвојувачи го наплаќала од новите родители по седум долари од посвојување на подрачјето на Тенеси.

Фото: Профимедиа

Скромниот износ служел за да може добротворната организација да функционира. Но, на Џорџија Тен тоа и било премногу скромно. И навистина, преку вечер многу работи се промениле. Одеднаш експлодирал бројот на посвоени деца. Но, не било какви и било каде. Понатаму се дознало дека 80 отсто од посвоените деца преку организацијата на Џорџија Тан оделе кај посвојувачи во Њујорк и Калифорнија, богатите делови на Америка. Исто така, се покажало и дека нејзиниот бизнис цветал од 1940 до 1950 година, кога продала околу 3.000 деца, што би значело скоро по едно дете на ден.

Таа продавала само бели деца, а посебно добра продажба на пазарот имале децата со плави коси и плави очи. Но, стои прашањето колку долго може некој да се занимава со оваа работа пред да го фатат? Да претпоставиме година, две, максимум три. Веројатно таа ги крадела децата на оние фамилии кои и онака имале многу деца, па била уверена дека нема да приметат ако едно недостасува.

Покрај тоа, сиромашните родители немале ни можност, ни пари за да кренат истрага за своите исчезнати деца. Но, ако пријавите за исчезнувањето успеале да дојдат до полицијата, влијателните пријатели на Џорџија Тен правеле тоа се да се заташка. Во тоа посебно помагал тогашниот градоначалник на Мемфис, Е. Х. Крамп, исклучително моќен и влијателен човек. Што било најлошо, полицијата некогаш помагала во киднапирањата.

Тен тогаш не ги избирала само сиромашните фамилии. Имала добар увид и на децата кои се раѓале во затвори или во ментални болници, а во некои случаи ниту самата не била сигурна дали децата воопшто се родени во породилиштето. Битно било само нејзините „добавувачи“ да набават бебиња, работата да е законски осигурана, а на семејствата би им соопштила дека децата им починале.

Кога би стигнала до детето, таа би го продавала понатаму, а својот бизнис го огласувала и во весниците. Во тоа време, брачни парови од Њујорк или Лос Анџелес биле спремни да платат голема сума само да би можеле да посвојат дете. Така, пресметано во денешна вредност, за едно дете би плаќале и по 70.000 долари. Тука се збори, секако, за луѓето кои како родители би сакале детето да им има одредена боја на очи и коса, а црнци, Азијати и Латиноамериканци не доаѓале во предвид.

И додека Џорџија пливала во пари, се уште не заработувала колку што навистина можела. Страшен податок е дека децата во нејзиниот дом живееле во такви грозни услови, што таму умреле дури 500 деца. Причините биле глад, болест, злоупотреба, ладно, а понекогаш и Тен самата убивала деца кои ги закопувале во необележани гробови.

Се конечно било откриено кога Гордон Браунинг, инаку политички непријател на нејзиниот пријател Крамп, бил избран за гувернер на Тенеси. Многу брзо ги поврзал конците на оваа страшна приказна и подигнал истрага. Тен добро знаела дека без Крамп на власт, може да се прости од оваа работа и дека ќе ја открие секоја нормална истрага, без разлика колку би била површна.

Заслужената казна сепак не ја дочекала. Таа умрела од рак на матката само два дена по започнување на истрагата. Два месеци подоцна, нејзиниот дом за деца бил затворен.

Единствено добро што излегло од целата ситуација, е тоа што Џорџија Тен ја направила популарна идејата за посвојување на деца, колку и тоа да го правела на крајно нехуман начин.

Во следните децении, американската јавност сведочела на стотици случаи во кои децата ги барале своите биолошки фамилии од кои биле одземени од Џорџија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот