Најзгодната жена на светот Оливиа Кулпо откри како се спрема за снимање!

instagram

Супермоделот и поранешна мисица Оливиа Кулпо минатата година според изборот на списанието „Maxim“ беше прогласена за најзгодната жена на светот. На листата помеѓу сто прекрасни и моќни жени, оваа заносна бринета го доби првото место и поради таа прилика ја красеше насловната страна на списанието.

инстаграм

Но, за својот фантастичен изглед не може да се заблагодари само на добрите гени. Пред секое модно снимање име повеќенеделни припреми кои вклучуваат посебна исхрана, но и ментални вежби. Сето тоа таа го открила во интервју за „Us Weekly“.

инстаграм

„Не сум личност која може да биде на диети со различни сокови и смутиња. Ми одговара да ги исфрлам јаглехидратите, а оброците ги базирам исклучиво на протеинска вредност. Сфатив дека тоа добро ми одговара и задоволна сум со тоа“, објаснила таа.

инстаграм

Како што вели, сечиј организам е поинаков и секој мора да ја пронајде формулата која му одговара.

Освен што пред снимањето нејзината исхрана се базира на протеини, таа голема важност им придава и на менталните припреми и вежбање самодоверба.

инстаграм

„Битно е психички да се спремам за снимање. Јас вежбам пози во кои изгледам привлечно и кои ги истакнуваат моите предности, а ги кријат моите маани“, рекла таа и додала дека самодовербата е поважна од одењето во теретана во последен момент или брзото слабеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот