Најздравиот оброк на светот: Го чува здравјето и ги намалува вишокот килограми во рекордно време

Буда-чиниите секогаш се убаво декорирани и правило сервирани, па така оваа храна покрај тоа што го чува здравјето и помага во намалувањето на вишокот килограми, многу убаво изгледа па сите консументи уживаат додека се насладуваат.

Кај нас малкумина знаат за т.н. „чинии на Буда“. Имено, т.н. Буда-чинии, всушност е начин на сервирање на храната, односно кога најразлични здрави намирници се комбинираат во еден оброк и се сервираат заедно. На тој начин се приготвуваат здрави оброци, во чијшто состав со комбинираат поголем број свежи намирници, така што формираат оброк полн со витамини, минерали, протеини и други благотворни состојки за нашиот организам. Покрај хранливата вредност, Буда-чиниите секогаш се убаво декорирани и правило сервирани, па така оваа храна покрај тоа што го чува здравјето и помага во намалувањето на вишокот килограми, многу убаво изгледа па сите консументи уживаат додека се насладуваат.

Азијците се познати по својот истенчен вкус за храна

Сите што имале можност да патуваат во Азија, знаат дека Азијците се карактеризираат по тоа што имаат неверојатно истенчен вкус кога станува збор за храната, а исто така се и големи љубители на гастрономијата.

Азијците посветуваат огромно внимание на храната, на нејзината подготовка но и на внесувањето здрава храна. Исто така, карактеристично за нив е и тоа што речиси и да не консумираат млечни производи. Наместо тоа, оброците им се состојат од јадење свежо овошје и свеж зеленчук како и риба. Кога станува збор за јадење месо од други животни, тие го консумираат во исклучителни пригоди, односно само за време на некоја свеченост. Токму затоа тие се исклучително здрави и многу често доживуваат длабока старост.

Подготовка на најздравиот оброк

Кога станува збор за подготовката на најздравиот оброк на светот т.н. Буда-чинија, потребно е малку повеќе трпение и добра желба за да се добие уникатниот вкус. Во овој случај не станува збор за набрзина подготвена храна.

Главната состојка на овој оброк се леблебиите, а кога станува збор за биохемискиот состав на леблебијата, исушеното зрно на оваа мешунка содржи 23 отсто протеини, 53 отсто јаглехидрати, 5 отсто растително масло, 5 отсто целулоза и 3 отсто минерални материи.

Токму поради ваквите нутритивни карактеристики, леблебијата важи за еден од најдобриот извори на протеини, растителни влакна, витамини Б6, железо и магнезиум. Освен тоа што овој оброк го чува здравјето на целиот организам, тој помага и за слабеење, бидејќи го сочинуваат нискокалорични состојки што лесно се варат.

Јадете го овој оброк наместо ручек

За да почувствувате многубројни бенефити по вашето здравје, секогаш кога ќе бидете во можност наместо класичниот наш македонски ручек, јадете еден од низата здрави оброци подготвени и сервирани во „Буда-чинија“.

За да подготвите еден таков оброк и тоа за две лица, ви требаат следните состојки:

1 шолја варена леблебија

1 тиквичка

1 помал црвен кромид

3 лажици маслиново масло

2 моркова

1 шолја варена пченка

1 црвена пиперка

3 лажици таан

сок од половина лимон

1 чешне лук

сол и бибер по вкус

1/2 лажиче црвен пипер

печени семки по желби

свежи листови магдонос

маслинки

Приготвување:

Во тава на оган ставете го маслиновото масло убаво да се загрее. Потоа во него додајте го исечканиот кромид и пржете го неколку минути. Потоа во тавата со спржениот кромид, додајте ги морковот и тиквичката, кои претходно сте ги исечкале на коцки. Сето тоа заедно пржете го уште неколку минути. Додајте го црвениот пипер и малку вода и оставете ги состојките да се варат додека убаво не омекнат.

На крај, додајте ја варената леблебија и убаво зачинете.

Таанот измешајте го со сокот од лимонот и ситно исечканиот лук, па додајте сол и бибер по вкус.
Во длабока или плитка чинија декорирајте ја леблебијата со зеленчук, сечкан свеж домат и црвена пиперка, варена пченка и прелив од таан. По желба, можете да додадете зелени или црни маслинки. Посипете со печени семки и свеж лист од магдонос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот