Најздрави природни грицки: смеете да ги јадете во секое време


Секој сака грицки – мали, ситни, вкусни залачиња кои ги јадеме несвесно, не размислувајќи колку се добри за нашето здравје и линија.

Кажете им НЕ на смоките, чипсот, солените стапчиња, чоколатца и разни слатки задоволства. Но затоа кажете им ДА на лешниците, сончогледот, оревите и различните семки. Тие се природни и полни со витамини и позитивно влијаат на целиот организам, па така ако грицкате:
–  лешници го зголемувате нивото на магнезиум, елемент кој има важна улога во правилното функционирање на нервниот систем и мускулните контракции. Магнезиумот во комбинација со калциум ја спречува несоницата и ја отстранува опасноста од грчеви во мускулите по долг физички напор.
зрнестите и јаткасти плодови се богати со калиум кој го поттикнуваат исфрлањето течности од организмот. Калиумот прави баланс со својот главен „конкурент“ натриумот, и е одговорен за одржувањето на ниво на вода во организмот.
бразилските и обичните ореви се добри за топ форма на целиот организам. Ако сте под стрес или преморени, секој ден јадете по неколку ореви, по можност бразилски. Бакарот кој го содржат, ви помага за зголемување на енергијата.
семките од сончоглед бидејќи содржат голема количина растворливи растителни влакна, го намалуваат нивото на лош холестерол и ја успоруваат апсорпцијата на глицидите. Овие влакна во желудникот се претвораат во желатинозна маса која делува стимулирачки на метаболизмот.
семките од тиква богати се со фосфор, магнезиум, железо, бакар, манган, омега 3 масни кислеини. Добри се за простатата, нервните клетки, при остеопороза, артиртис, дијабетес…исто така го намалуваат нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ), а го зголемуваат нивото на добриот (ХДЛ) холестерол. Тие се богат извор на растителни влакна, 30 г семки содржат 5 г протеини, што ќе ве држи сити.
фстаците се богати со антиоксиданси. Содржат Б6, бакар, манган, фосфор, фитохемикалии и го намалуваат ризикот од болести на срцето. Само 60 г фстаци ја зголемуваат количината на лутеин и зеаксантин кои ги штитат очите. Посебно се корисни меѓу оброците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот