Највреден бренд во светот е Amazon (ВИДЕО)

Со проценка на вредноста од 315,5 милијарди долари, гигантот за електронска трговија Amazon ја зазема првата позиција на листата BrandZ Top 100 највредни глобални брендови која е составена од агенцијата за истражување Kantar.

Агенцијата, скокот на Amazon на листата го препишала на нејзиното диверзифицирано портфолио на услуги и додала дека покажува колку брендовите сега помалку се поврзани со одредени категории и региони.

Растот на Amazon значи дека ги потисна компаниите Apple и Google, кои наизменично поминаа вкупно 12 години на врвот на таа листа. Брендот Apple е проценет на 309,5 милијарди долари, а Google на 309 милијарди долари.

На четвртото место е Microsoft, додека Visa е на петто место, а во првите десет се рангирани Facebook, Alibaba, Tencent, McDonald’s и AT&T.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот