НАЈВКУСНА ЗИМНИЦА: Македонски пинџур во тегла (РЕЦЕПТ)

пинџур
Flickr

Секој крај на Македонија има свои карактеристични зимници а новото време носи и одредена „модернизација“ на старинските рецепти за чија што подготовка било потребно многу време и труд.

Старите традиционални македонски рецепти кои имаат долгогодишна историја на нивна подготовка, имаат незаборавен вкус за кој навистина вреди да се потрудиме за да можеме заедно со најблиските да уживаме во текот на зимскиот период.

Потребни состојки:

3 кг црвени ајварски пиперки
1 кг модри патлиџани
1, 5 кг црвени домати
300 гр лук
300 мл масло за јадење
300 гр лути пиперки
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
200 мл вински оцет

Подготовка:

Испечете ги пиперките, модрите патлиџани и доматите. Откако ќе завршите со тоа, излупете ги и сомелете ги во машина за подготовка на мелено месо.

Потоа, на поголем шпорет, ставете го тенџерето за подготовка на зимниците и во него ставете ги маслото, оцетот, шеќерот и солта и оставете ги да зовријат.

Во зовриената течност, најпрвин ставете го благиот и лутиот пипер и кратко пропржете ги. Потоа додадете го и модриот домат и црвениот домат и повторно убаво измешајте.
Пржете околу 1 час.

Вака подготвениот пинџур, ставете го во топли, стерилизирани тегли кои веднаш ќе ги затворите и ќе ги оставите превртени да отстојат преку ноќ додека не се изладат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот