Најуникатниот рибен ресторан на светот (ВИДЕО)

Instagram

Во ресторанот „Рок“ во Занзибар се служи исклучиво морска храна и свежа риба, уловена во текот на денот во водите што ја опкружуваат.

Архипелагот Занзибар кој се наоѓа во Источна Африка е сојузна единица на државата Танзанија, оддалечен 25 – 50 км од неа.  Составен од мали острови, од кои два најпознати се Пемба и Унгуџа, каде всушност се наоѓа и главниот град Занзибар.

Instagram

 

Освен главните стопански гранки на Занзибар во производството на зачини, како бибер, цимет, индиски орев и каранфилче – се гордеат со рибна храна и ексклузивен ресторан.

Instagram

Ресторанот „Рок“ во Занзибар е сместен на карпа висока осум метри, во средината на Индискиот Океан. Се наоѓа во близина на многу популарната плажа Пингве Миханси.

Instagram

Можете да стигнете до ресторанот пеш кога е слаба плима, но ако останете долго во него и доколку се зголеми нивото на океанот, ќе мора да се вратите со брод назад кон брегот.

Во ресторанот се служат специјалитети од најсвежите морски плодови и риби. Сопственост е на рибар, кој на оваа локација препознава туристичко-угостителски потенцијал.

Instagram

Во ресторанот има и тераса со неверојатно убав поглед на околината, храната е многу вкусна, а туристите ја обожаваат.

Погледнете го видеото од ресторанот „Рок“ на следниот линк:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот