Чевлите со штикла се без сомнение најатрактивниот модел на женски чевли.
Кога доаѓа лето, едвај чекаме да ги облечеме омилените сандали на висока штикла со лелеав фустан или здолниште, но и покрај тоа што ова сценарио звучи одлично, на овие жештини е неподносливо.

Стапалата се потат, па одењето може да е отежнато, нозете отекуваат и ремените се лизгаат на кожата.
Затоа во летните жештини бараме начин на кој можеме да носиме женствени чевли, а сепак да ни биде удобно во нив цел ден и да се движиме без мака. Среќа, во мода се совршените сандали со ниска потпетица и бројни ременчиња, кои се апсолутен хит ова лето што дамите го обожаваат!

Поради одличната висина на потпетицата, овој пар чевли ќе направи да уживате додека шетате цел ден во нив, а бројните ременчиња, атрактивните бои и модерните облици, даваат шик и елегантна нота.
На вас останува само да ја одберете омилената боја и да уживате цело лето во нив!
