Најубавите мисли од Моника Белучи: Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие признаваат дека сте подобри

Instagram

Убавината ни е потребна како помош да ја пронајдеме хармонијата, љубовта и смислата во овој хаотичен свет. Харизмата и природната женственост на глумицата Моника Белучи (56) не оставаат никого рамнодушен. Мајка е на две деца, зборува три странски јазици и ја обожава јогата.

Собравме за Вас прекрасни мисли од оваа фантастична жена, како доказ дека беспрекорната убавина може да носи и прекрасна душа.

– Нам не ни припаѓа ништо: ни нашите мажи, ни нашите деца. Ние можеме само сè да поделиме со луѓето кои ги сакаме.

– Жената може да сака така како никогаш да нема да замине. Но, може да дојде и таков ден да замине како никогаш да не сакала.

– За мене станувањето постара, значи станување подобра.

– Секогаш им велам на младите девојки: „Научете да го сакате своето тело!“. Зашто совршенство не постои и сосема е очигледно дека жената со облини не е помалку убава од витка девојка. Едноставно, треба да научите да се прифатите себе такви какви што сте.

– На сите нас ни се потребни илузии. И баш затоа ги сакаме филмовите.

– За ништо на светот не би сакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна отколку тогаш, зашто на таа возраст ние допрва се запознаваме себеси, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме, патиме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно, а без што можам да живеам.

– Според мое мислење, глупаво е, со оглед на младоста и убавината, да станеш „спонзоруша“ на некој со длабоки џебови, бескрајно да го трошиш животот на журкање. Убавината ни е потребна како помош да најдеме хармонија, љубов и смисла во овој хаотичен свет.

– Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие признаваат дека сте подобри.

– Убавината станува поекспресивна и поинтересна кога е покриена со облека.

– Женственост – тoа e хaрмонија, природност и сензуалност.

– Не ги разбирам жените кои велат дека машкиот избор ги понижува. Мислам дека тие едноставно не се во скад со себе.

– Што ќе правам кога ќе остарам и кога веќе нема да ѝ се радувам на својата слика во огледалото? Исто што правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себе во огледалото, ќе гледам во своите деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот