НАЈУБАВИТЕ 40 земји во светот: Хрватска, Словенија и Црна Гора се најдоа на листата

Хрватска, Словенија и Црна Гора се наоѓаат меѓу 40 најубави земји во светот, според критериумите на списанието „Conde nast traveller”.

Овие три држави од регионот се нашле на листата заедно со некои најпопуларни светски дестинации, како што се Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд и Јапонија.

Списанието ја опишало Хрватска како земја „со преубави пештери, брдовити полиња и бели песочни плажи”.

За Словенија пишува дека е земја која има различни понуди – од Алпите, преку езерото Блед до прекрасни зелени шуми.

А Црна Гора е опишана со зборовите на писателот Бајрон – „најубавата средба на земјата и морето”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот