Најубавата фудбалска приказна завршува на тажен начин!?

Фото: Твитер

Капитенот на Аталанта, Алехандро Папу Гомез не сакаше да молчи повеќе по повод шпекулациите за негово заминување од клубот, велејќи им на навивачите дека ќе ја чујат целата вистина кога ќе го напушти Бергамо.

Минатото лето тој одби богатство од Саудиска Арабија, не отиде за пари, одлучи да игра од љубов, но истата пукна неколку месеци подоцна.

Причина се лошите односи со тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини. Играчот за врска во нападот се огласи преку социјалните мрежи и најави заминување во зимскиот преоден рок. Се поврзува со можен трансфер во Милан или Интер.

– Драги навивачи на Аталанта, ви пишувам тука затоа што немам начин да се бранам и да разговарам со вас. Само ќе ви кажам дека вистината ќе се дознае кога ќе заминам. Вие ме познавате и знаете каква личност сум. Ви посакувам сѐ најдобро, вашиот капитен – напиша Гомез на „Инстаграм“, 32-годишниот Аргентинец кој ги брани боите на клубот од Бергамо од сезоната 2014/15.

Вчера беше на клупата за резерви, не доби шанса против Фиорентина, но и покрај тоа неговиот клуб триумфираше убедливо со 3:0.

Заедно со капитенот Аталанта беше хит во минатата сезона во Серија А освојувајќи го третото место, како и во Лигата на шампионите каде стигна до четвртфиналето. Моментно во првенството се наоѓа на осмото место, со 10 бодови помалку зад водечкиот Милан, а во ЛШ денеска дозна дека во осминафиналето ќе игра против Реал Мадрид.

Фото: Инстаграм/papugomez_official

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот