Најтрофејниот фудбалер на сите времиња би можел повторно да игра за Барса

Според Дани Алвеш, Кристијан Ериксен заслужува да ја освои „Златната топка“/Фото: EPA/ANDY RAIN

Славниот бразилски фудбалер би можел да се врати во клубот во кој ги имаше најдобрите партии во својата професионална кариера.

38-годишниот Дани Алвеш нема клуб по разделбата со Сао Паоло пред неколку недели, но верува дека и натаму може да игра на врвно ниво.

Доколку Барса има потреба, сигурно Алвеш би прифатил и за помала плата да игра за каталонскиот клуб. Од друга страна познато е тоа дека екипата од „Камп Ноу“ е во огромни финансиски проблеми, па секоја понуда од овој вид може да биде детално разгледана. Особено кога доаѓа од клупските легенди.

Играше во Барселона како десен бек, што беше негова примарна улога во поголемиот дел од неговата кариера, но Бразилецот е навистина добар фудбалер. Откако се врати во Бразил, играше и како крило, односно во средниот ред, па Барселона би можела да размисли да го искористи на друга позиција.

– Доколку Барса смета дека сум ѝ потребен, треба само да ме контактира. Мислам дека можам уште да придонесам – рече Алвеш, кој деновиве се одмара во Шпанија.

Останува да се види дали Барселона ќе го одбие човекот кој шест пати беше шампион на Шпанија во нејзиниот дрес, четири пати го освои Кралскиот куп и Суперкупот, трипати ја освои Лигата на шампионите и трипати Европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот