Најтранспарентен бизнисмен: Скопски менаџер откри колкава е неговата плата и колку зема управниот одбор

Во годишниот извештај достапен на информативниот сервис СЕИ НЕТ, скопскиот погребен сервис „Бутел“ во детали ги објави бруто и нето примањата на управувачката и надзорната структура, нешто што претставува реткост и вистински пример за транспарентност.

Имено, најголемиот скопски погребен сервис лани, во време на светска пандемија, направил приходи 3 милиони евра што е за една третина повеќе во споредба со претходната година кога приходите изнесувале 2 милиони евра. На крајот од минатата година, добивката на друштвото надминала 206 000 евра, односно 34 отсто повеќе од претходната година.

Секако, најдобро платен е генералниот менаџер Саит Хајровиќ – неговата бруто годишна плата е 50 000 евра. Што се однесува до месечните примања, нето платата на Хајровиќ изнесува 2740 евра, а годишниот надоместок за членство во органот на управување изнесува 1760 евра.

Во објавата се вклучени и информации за секој од членовите на управата и надзорниот орган и нивните нето примања за регрес за годишен одмор и новогодишниот бонус.

Сите информации се јавно достапни на следниот линк.

Видео на денот