НАЈТОКСИЧНОТО МЕСТО ВО СВЕТОТ: Полошо е од Чернобил (ФОТО)

Фото: Викимедиа

Најлошото место каде е буквално невозможно да се живее е депонијата Агбогблошие во Гана, а кравите таму одат со отворени рани.

Чернобил е уверливо најотровен град – и симбол на тоа што се случува кога науката ќе тргне на лошо, а луѓето не внимаваат. Но сепак, иако Чернобил е „бренд“ за локации од природни катастрофи, постојат уште многу други места кои би можеле многу добро да котираат на таа листа, кажуваат од Институтот Блексмит, кој ја составил листата на најотровни места во светот.

Најотровното место е уверливо депонијата за ѓубре Агбогблошие во Гана, во градот Акра. Што го прави тоа место полошо од Чернобил кој е втор на листата?

Наводно, Агбогблошие е втор најголем центар за процесирање на електронски отпад во западна Африка. Под електронски отпад спаѓа се она што луѓето го фрлаат откако ќе им се расипе – од микробранови печки и телевизори до фрижидери и компјутери.

Фото: Викимедиа

Потребно е многу труд и време за сите од тие предмети да се скршат на помали делови и да се рециклираат, пишува „Grunge“.

Загаденост од тешки метали

Иако, не звучи толку лошо, големината на самиот објект и тоа што се случува за време на процесот на рециклажа допринесува ова место да ја носи титулата на најотровно. Според извештаите, Гана годишно увезува околу 215.000 тони користена електроника од странство, првенствено од западна Европа, а притоа создава уште 129.000 тони електронски отпад годишно.

Фото: Викимедиа

Примарната закана за здравјето произлегува од палењето на обложени кабли за да се дојде до бакарот кој се наоѓа внатре. Стиропорот често се користи како гориво за палење на кабли, кои содржат низа токсични тешки метали како олово.

Фото: Викимедиа

Тие тешки метали потоа влегуваат во се – воздух, земја, вода и животот на најмалку 50.000 сиромашни лица, кои живеат во близина на депонијата.

Додека ЕПА (американската Агенција за заштита на природата) стандардот за дозволена количина на олово во земјата го смета на мерка од 400 ППМ, примероците од депонијата содржат повеќе од 18.000 ППМ. Други примероци откриле токсично ниво на алуминиум, бакар и железо.

Фото: Викимедиа

За работата да биде уште полоша, организацијата на ОН за храна и агрикултура известува дека една третина од уличните продавачи на храна во Акра своите намирници ги добиваат од пазарот во Агбогблошие, што значи дека 2,5 милиони лица јадат изразено контаминирана храна. Така што, иако Чернобил е ужасен, Агбогблошие дефинитивно ќе влијае кобно на здравјето на голем број на луѓе.

Животен век од само 40 години

Според директорот на Институтот Блексмит, Ричард Фулер, загадувањето на природата е причина за 20 отсто од смртните случаи во земјите во развој. Отровите во природата во тие градови ги изложуваат жителите на ризици од труење, заболување од рак и инфекции на белите дробови, па се до раѓање на ментално заостанати деца.

По Чернобил и Агбогблошие, листата ја доминираат неколку рударски градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот