Најтежок ден во Франција, над 1.400 смртни случаи

Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден.

Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица.

Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000.

Досега се излекуваа 19.337 пациенти.

Француски индустријалци и научници најавија дека ќе започнат со производство на нов вид заштитна маска од коронавирусот, која може да се користи 100 пати без замена.

Маската, според Франс енфо, ќе се понуди на пазарот по малопродажна цена од околу 30 евра.

Прочитајте и...  Вучиќ критикуван за злоупотреба на малолетно дете во политички цели (ВИДЕО)

Меѓу истражувачите и експертите вклучени во проектот биле вработени во познатата „Мишлен” (Michelin) и Центарот за атомска и алтернативна енергија (ЦЕА), кои основаа нова компанија наречена „VOC-Cov”.

ЦЕА ги стави на располагање своите научни и истражувачки ресурси, додека „Мишлен” беше одговорна за изработка на прототипот на маската.

Пробна серија од 5.000 маски е веќе во фаза на изработка, а првите парчиња се очекуваат следната недела.

Планирано е да се произведат околу еден милион маски неделно ако пробната серија успее.

Прочитај повеќе

Рестриктивните мерки зависат најмногу од граѓаните, смета Спасовски

МИА Агенција

Спасовски: Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за отварање на границите

МИА Агенција

Тимоние: Потребна е политичка одлука за изборите

МИА Агенција

Протести против расизмот и во Канада

МИА Агенција

Филипче: Продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство

Слободен печат

Реакција на Ивица Дачиќ откако Приштина забрани увоз на стока без натпис „Република Косово“

Горан Наумовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бројот на заразени со коронавирусот во Русија надмина 400.000

МИА Агенција

Трамп: Ова е само почеток, ќе летаме и на Марс

МИА Агенција

Казнети 673 граѓани за не носење лична заштита на лице

Слободен печат

Повторно отворена џамијата Ал-Акса

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата ширум САД

МИА Агенција

Протести против расизмот низ цела Америка

МИА Агенција