Најтешкото допрва доаѓа: Два големи пожари се сврзаа во мегапожар

Метеоролозите најавуваат уште потопли денови, посилни ветрови и громови без дожд.

Силниот ветер спои два големи шумски пожари во Австралија во еден мегапожар, а властите предупредуваат дека најтешкото допрва доаѓа.

Веќе со денови се стравуваше дека огнот ќе ја помине границата меѓу сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија. Со оглед на новиот топлотен бран и силниот налет на ветер, над 100 пожари во моментот стануваат се поголеми.

Од полноќ е прогласена вонредна состојба поради два пожари кои се поврзале.

Локалниот командант на противпожарните сили, Шен Фитсимонс изјавил дека повторно имаат големи проблеми во гаснењето на огнените јазици.

-Топло е, ветерот суши се и тоа повторно ќе биде голем предизвик, истакна тој.

Температурите денска во делови од Нов Јужен Велс и Викторија беа над 40 степени Целзиусови. А, според портпаролот на противпожарната единица, громови го почнале пожарот.

Метеоролозите најавуваат уште потопли денови, посилни ветрови и громови без дожд. Досега загинаа најмалку 27 луѓе, а илјадници останаа бездомници бидејќи пожарите уништија 10,3 милиони хектари земја, оставајќи зад себе спалена земја на површина колку Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот