Најтешко е да се зборува преку маските кои најдобро штитат од коронавирусот

Фото: Профимедиа

Дали знаете преку кои маски е најлесно да зборувате и да го слушнете соговорникот? Германскиот технолошки универзитет во Келн откри дека некои од маските за лице кои обезбедуваат најголема заштита, како што се маските со ознака КН95 и ФФП2, најмногу го отежнуваат разбирањето на соговорникот чие лице односно уста е покриено со таква маска.

Истражувачите споредиле марами од микрофибер, обични платнени маски, маски од ткаенина од домашна работилница, хируршки маски и маски КН95 и ФФП2. Ниту една маска не го поминала тестот за комуникација и сите тестирани маски пригушиле некои изговорени гласови и звуци.

Јасното разбирање на говорот најмалку го намалила марамата од микрофибер шал, а хируршките маски и оние изработени од ткаенина резултирале со само мало нарушување на јаснотијата на говорот. Со помош на апарат за мерење, тим експерти ги испитале звуците што ги произведува вештачката глава кога „устата“ е покриена со разни видови маски.

„За понатамошно испитување на ефектот на маските врз разбирливоста на говорот, го измеривме ширењето на звукот кај шест различни модели“, рекол Кристоф Поершман од универзитеткиот Институт за комуникациско инженерство.

Маските од ткаенина одземале до 10 децибели, а на некои фреквенции го преполовиле интензитетот на звукот, додека маските ФФП2 и КН95 го пригушиле звукот за 15 децибели, објавиле научниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот