Најтешкиот удар за Ангела Меркел, канцеларката во солзи

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Мајката на германската канцеларка Ангела Меркел, Херлинд Казнер синоќа починала на 90.годишна возраст.

-Херлинд Казнер, мајката на канцеларката, почина, објави портпаролот на германската влада не наведувајќи други детали.

Германските медиуми пренесоа дека Херлинд Казнер била професорка по латински и англиски јазик и секогаш била повлечена и дискретна.

Таа ја родила Ангела во Хамбург во 1954 година пред да се пресели во источниот дел од Германија со сопругот Хорст Казнер, свештеник и татко на канцеларката. Тој починал во 2011. година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот