„Најтешкиот дел е се уште пред нас“: Франција очекува пад на економијата од 11 отсто

– Бевме тешко погодени од вирусот. Презедовме ефикасни мерки за да се заштитиме, но економијата практично застана на три месеци, истакнува Ле Мер.

Економијата на Франција е на пат оваа година да забележи пад од 11 проценти. Ваквиот тек е последица на корона кризата. Седуваат уште голем број потешкотии пред ситуацијата да се стабилизира следната година, изјави премиерот Бруно Ле Мер.

Франција воведе една од најрестриктивните  блокади кон средината на март, а со ублажување на мерките почна кон средината на мај. Од денеска во земјата со работа почнуваат околу 300 илјади кафулиња и ресторани.

– Бевме тешко погодени од вирусот. Презедовме ефикасни мерки за да се заштитиме, но економијата практично застана на три месеци, истакнува Ле Мер.

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да ги исплаќа средствата од фондот за солидарност до крајот на годината со цел да помогне во покривањето на фиксните трошоци.

Францускиот премиер посочи дека најтешкиот дел во економска и социјална смисла допрва следи.

– Владата прави обиди да спречи банкрот во секторот малопродажба и ги поттикнува луѓето да купуваат во трговските синџири каде се вработени илјадници луѓе, вели Ле Мер.

Тој претходно објави мерки за поддршка на туризмот и автомобилската индустрија, а за следната недела најави мерки за авионската индустрија, додека планот за градежништвото и старт – ап работните позиции се очекува да биде објавен подоцна.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот