Најтешки порази: Ѓоковиќ и натаму води против Надал во победи!

Фото: твитер

Поразот на Новак Ѓоковиќ од Рафаел Надал во финалето на „Ролан Гарос“ секако се наоѓа во редот на најтешките кои српскиот тенисер ги доживеал во неговата кариера.

Ѓоковиќ од големиот ривал во Париз загуби со 3:0 во сетови и на тој начин пропушти шанса додатно да се доближи на вечната листа до Шпанецот, но и Рожер Федерер, кои сега се израмнети на врвот со по 20 грен слем титули, а Ноле остана засега на 17.

Дуелот на Отвореното првенство во Франција беше 56 меѓусебен дуел помеѓу Ѓоковиќ и Надал, а Србинот и натаму е во предност: 29-27 во победи. Колку пати играа меѓусебно, не треба да чуди што токму името на Надал нешто почесто се наоѓа на листата најтешки порази на Новак.

Еден од нив е оној од полуфиналето на „Ролан Гарос“ во 2013 година, кога „бикот од Мајорка“ славеше после пет сета (6:4, 3:6, 6:1, 6:7, 9:7).

Ѓоковиќ на париската земјена подлога доживеа уште еден неочекуван, тежок пораз, но не од Рафа. Станува збор за финалето во 2015 година од Станислас Вавринка (4:6, 6:4, 6:3, 6:4).

Ѓоковиќ заврши во виц на Википедија поради Рафаел Надал (ФОТО)

Српскиот тенисер тогаш имаше одлична шанса да го освои „Ролан Гарос“, бидејќи на патот до финалето го елиминираше токму Надал, што досега му е единствениот триумф над него на париската „земјена подлога“, а Шпанецот го претрпе само еден од двата единствени порази (вториот е од Робин Содерлинг). Надал на „Ролан Гарос“ има точно 100 победи (учинок 100-2).

Во Топ 5 може да се најдат и двата порази од Олимписките игри, и тоа од ист играч, односно неуспесите против Хуан Мартин дел Потро во 2012 и 2016 година.

Листата на најтешки порази се комплетира со Рожер Федерер, не се заборава полуфиналето на „Вимблдон“ во 2012 година. Швајцарецот славеше после четири сета, а неколку часа подоцна стигна и до седмата титула во Лондон. Тој триумф е инаку последниот над Ѓоковиќ на грен слем турнирите!

Тенисер збесна и урлаше на судијата за одземениот гем затоа што заминал во тоалет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот