Најтешката криза во историјата на Шри Ланка: Земјата има гориво само за уште еден ден

шри ланка протести EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Ранил Викремесинге, кој неодамна беше избран за премиер на Шри Ланка, изјави дека земјата се соочува со една од најтешката економска криза во изминатите 70 години и оти има нафта за само уште еден ден.

Премиерот во телевизиско обраќање до граѓаните посочи дека на Шри Ланка итно и се потребни 75 милиони долари во следните неколку дена за да може да купи основни продукти. Тој најави дека Централната банка ќе печати пари за да се исплаќаат плати и други побарувања во јавниот сектор. Викремесинге потврди дека државната авиокомпанија „Шри Ланка ерлајнс”, исто така, може да биде приватизирана.

Земјата е тешко погодена од пандемијата со Ковид-19, зголемувањето на цените на енергијата и популистичките даночни намалувања. Хроничниот недостиг на девизи и зголемената инфлација предизвикаа недостиг од лекови, гориво и други продукти.

ВИДЕО | Андоновиќ : Протести во Шри Ланка: Од што се предизвикани насилствата на овој остров?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот