Најтажниот роденден на Роналдињо, ја снема неговата препознатлива насмевка

EPA/Ahmed AlFardan

Поранешниот бразилски репрезентативец денеска полни 40 години, но најверојатно нема да ја видиме неговата препознатлива насмевка.

Со своите мајстории никого не оставаше рамнодушен, беше синомин за фудбалски волшебник кој можеше се да направи со топката, а успеа да го направи неверојатното – целиот „Сантијаго Бернабеу“ стана и му ракоплескаше иако играше за најголемиот ривал на Реал, Барселона.

Освен по фудбалската магија, Роналдињо беше препознатлив и по уште една работа, неговата препознатлива насмевка која никогаш не ја тргаше додека беше на терените, но се чини дека денеска и во догледно време ќе остане без својот заштитен знак.

Роналдињо денеска полни 40 години, но од почетокот на месецот се наоѓа во притвор во Асуснсион бидејќи се обиде да влезе во Парагвај со фалсификувани документи. Неговото апсење беше и отворање на Пандорината кутија бидејќи беа уапсени уште 25 лица поради затајување на данок, перење пари и фалсификување испарави.

Неговото барање да биде пуштен да се брани од слобода дури три пати е одбиено бидејќи обвинителството и судијата се плашат дека може да избега од Парагвај и да се врати во Бразил.

Денеска на најтажниот ден во животот го слави својот 40. роденден, а според пријателите кои редовно го посетуваат во затворот, Роналдињо ја загубил препознатливата насмевка иако сите затвореници но и персоналот кон него се однесуваат внимателно и има поинаков третман.

Неговиот адвокат тврди дека Роналдињо мислел дека пасошите се подарок и дека немаат никакви врски со неговата намера да инвестира во Парагвај. Згора на тоа, Роналдињо е во процес на добивање и на шпанско државјанство.

Адвокатот Серџо Кироз тврди дека анализите на телефоните на Роналдињо и неговиот брат Роналдо Азис ќе покажат дека тие немаат никакви врски со криминалниот клан кој беше откриен за време на истрагата и дека ќе ја платат кауцијата и ќе можат да си заминат дома.

– Ме растажува што се случува со мојот пријател. Тој не заслужи неговиот углед да биде уништен на ваков начин – изјави неговиот добар пријател и поранешниот соиграч во Барселона и бразилската репрезентација, Ривалдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот