Најталентираниот светски бек потпиша за Ливерпул

EPA-EFE/PETER POWELL

Ван ден Берг потпиша повеќегодишен договор со европскиот шампион Ливерпул и се очекува да биде во тандем со сонародникот Ван Дајк.

За него ова е најголемиот клуб на светот и сонот му се оствари, навистина е возбуден за предизвикот на „Енфилд“.

– Видов какви играчи од академијата доаѓаат во првиот тим. Тоа е неверојатно, особено кога тоа го прави еден ваков голем клуб. Клоп е одличен менаџер и една од главните причините поради која клубот е многу успешен, и зошто јас сум тука. Мислам дека ова е најдоброто место за мене – вели Ван ден Берг.

Првото летно засилување во минатата сезона запиша 15 натпревари во холандската лига и му помогна на Цволе да обезбеди опстанок.

Прашање е само дали германскиот стратег ќе го планира за првиот тим и му даде шанса во својата прва сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот