Најстудено во Битола, 31 сантиметар снег на Шапка

попова шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Во Битола денеска е најстудено, -3 степени, а во Гевгелија се измерени максимални осум степени. До 16 часот висината на снежната покривка е највисока на Попова Шапка, 31 сантиметар, додека во Пожаране е најниска, еден сантиметар.

Како што информира УХМР, нула степени е во Берово и Виница, еден во Крива Паланка и Прилеп, два во Охрид и Претор, три во Скопје-Петровец, Тетово, Штип и Демир Капија, четири во Скопје-Зајчев Рид и шест степени се измерени во Струмица.

Снегот во Битола е 14 сантиметри, осум е во Дебар, седум во Маврови Анови, шест во Лазарополе, пет во Ѓуриште и три сантиметри е во Берово, Охрид, Претор и Тополчани.

Утре се очекува ведро и многу студено утро, а преку ден сонце со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -1 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во четврток на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот