Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Најстудено утрово е во Берово со -3 степени, на Попова Шапка, Претор и Битола се измерени -1, а во Маврови Анови и Охрид нула степени. Максималани три степени се регистрирани во Скопје, кај Зајчев Рид и во Демир Капија, соопшти УХМР.

На Попова Шапка има најмногу снег 49 сантиметри, во Крушево 47, а во Маврови Анови снежната покривка е 38 сантиметри.

Во текот на ноќта и утрово беше облачно со слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има слаб повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот