Најстудено во Берово -17, најмногу снег во Маврово 39 сантиметри

Маврово
Маврово / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Утрово најстудено е во Берово со -17 степени и во Маврови Анови каде што се измерени -16. Во Крива Паланка е -14, во Битола и Тетово -13, во Струмица и Крушево -11, во Прилеп, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија -10. Девет степени под нулата се измерени во Скопје и Виница, -5 во Куманово, -4 во Дојран и -2 во Гевгелија.

Најмногу снег има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Крушево 13, соопшти УХМР.

Извор: МИА

Видео на денот