Најстудено и најмногу снег во Лазарополе

Снег временска прогноза
Фото: Илустрација/ МИА

Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Лазарополе -4 и во Маврово -3. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Во Лазарополе наврна и најмногу снег 28 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 21, а во Маврово 11 сантиметри.

Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Охрид 34 литри на метар вадратен, потоа во Дебар 32, Маврово 29, Тетово 24, Крушево 21, Скопје 15, а најмалку во Гевгелија пет литри.

Околу полноќ во северните делови на земјава започна да дува засилен ветер од северен правец. Умерен до силен северен ветер, претежно долж Повардарието, се задржа преку ноќта, а утринава ветерот е најсилен во Штип каде што дува со брзина и од над 55 км/час. Утрово преовладува променлива зголемена облачност понекаде со слаб до умерен дожд кој на крајот од ноќта во Крива Паланка премина во снег. Појава на снег во 7 часот има во Берово и Прилеп.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот