Најстарото дрво на светот: Има 5.066 години и го нарекуваат Метузалем

Фото: Tayfun Coskun / AFP / Profimedia

Кога ќе се отвори дискусија за најстарите дрвја во светот, првата асоцијација за повеќето луѓе се џиновските секвои. Меѓутоа, во ридските делови на Калифорнија растат дрвја кои се невообичаени на многу начини, пишува српски „Нејшнал Џеографик“.

Како што биолозите ја истражуваат нашата планета, така наоѓаат постари и постари дрвја и ја поместуваат оваа граница. До неодамна, се сметаше дека најстарото дрво на светот е борот Метузала (Pinus longaeva), кој расте во планините на Калифорнија и се вели дека е стар 4.849 години.

Подоцна беше откриен уште еден постар примерок на борот Метузала, најстарото дрво на светот, кое живеело 5.066 години. Ова е многу издржлив, загрозен вид, навикнат да опстане во тешки услови. Населува повисоки региони, сиромашна почва, карпести области и сува, ветровита, клима со минимални врнежи. Тоа се токму областите каде што другите видови не можат да преживеат.

Има многу разгранет и плиток корен и расте бавно, а ветрот и другите неволји во текот на стотици и илјадници години ги принудуваат овие дрвја да добијат малку необични форми. Точните локации на двата најстари примероци се чуваат во тајност, токму за тоа, овие дрвја да останат безбедни и да живеат што е можно подолго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот