Најстариот селектор и уште 400 вработени добија откази поради пандемијата

фото: твитер

Сите отпуштени ќе бидат на колективно осигурување како невработени и најверојатно ќе се вратат на своите работни места по завршување на кризата.

Селекторот на Уругвај, Оскар Табарез и уште 400 вработени во тамошната фудбалска Федерација добија откази поради пандемијата на коронавирус.

Сите отпуштени ќе бидат на колективно осигурување како невработени и најверојатно ќе се вратат на своите работни места по завршување на кризата.

– Се решивме на серија тешки одлуки во оваа криза за заштита на институцијата во иднина – се вели во соопштението на ФФ на Уругвај.

Табарез е на чело на репрезентацијата на Уругвај од 2006 година и оттогаш ја предводеше до полуфинале на СП 2010 во Јужна Африка и со шампионска титула на Копа Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот