Најстариот фудбалер во светот направи трансфер на 55 години

Jaпонецот Козујоши Миура е познат како најстариот фудбалер затоа што со 55 години се уште игра на професионално ниво и засега нема намера да се пензионира.
Денес Миура направи трансфер и тоа во редовите на португалскиот вторлигаш, Оливериренсе. Потврдено е дека Миура ги помина медицинските прегледи и во овој клуб пристигнува како позајмен фудбалер.
Целата на Оливеиренсе е пласман помеѓу најдобрите следната сезона, па тој ќе се обиде да помогне.
Кариерата Миура ја започна уште во далечната 1982 година во Шизуока. Подоцна, тој помина осум години во Бразил, по што се врати во татковината.
UD Oliveirense – Kazuyoshi Miura já chegou a Oliveira de Azeméis https://t.co/aYs6S7XAVU
— Record Portugal (@Record_Portugal) January 27, 2023