Најстариот фудбалер на светот има 74 години

фото: принтскрин

Египќанецот Езелдин Бахадер кој има 74 години, пред неколку дена и официјално стана најстариот активен фудбалер на светот и доби признание од Гинисовата книга на рекорди.

Бадахар на натпреварот од третата египетска лига ги одигра сите 90. минути за својот клуб 6. октомври против Ел Ајат Спортс, на кој неговиот тим е поразен со 2:3.

За да го исполни условот и да влезе во Гинисовата книга на рекорди Бахадер мораше да одигра два официјални натпревари по ред и притоа ги помина сите 90 минути на теренот.

Првиот натпревар го одигра пред прекинот на првенството поради пандемијата на коронавирусот и мораше да чека седум месеци за да продолжи сезоната за да го одигра и вториот натпревар и официјално да стане најстариот активен фудбалер на светот.

Езелдин Бахадер е роден на 3. ноември 1945 година, а го собори рекордот на Ираелецот Исак Хајика кој минатата година бранеше за израелски нисколигаш за 73. години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот