Најстариот актер од „Squid Game“ обвинет за сексуално вознемирување

Фото:Squid Game („Играта лигња“) / Инстаграм @squidgame_netflix

Корејскиот актер О Јонг-су, познат по улогата на играчот 001 во јужнокорејската хит серија „Squid Game“ (Игра со лигњи), е обвинет за сексуално недолично однесување, а подоцна бил ослободен без притвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 오영수 (O YEONG SU) (@yeongsu__oh)


Како што пренесува „Вариети“, обвинителите во Сујон, град во близина на Сеул, во петокот открија дека го обвиниле О Јонг-су еден ден претходно. Наводно, 78-годишниот актер недолично допирал тело на една жена во средината на 2017 година.

Наводната жртва првпат поднела полициска пријава против актерот во декември минатата година. Меѓутоа, случајот бил затворен во април без подигнувањ обвинение против О Јонг-су, но повторно бил отворен по барање на жртвата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 오영수 (O YEONG SU) (@yeongsu__oh)


О Јонг-су ги отфрлил сите обвиненија откако бил испрашуван од обвинителите.

„Само ја држев за рака додека ја водев околу езерото. Се извинив бидејќи таа рече дека нема да прави врева околу тоа, но тоа не значи дека ги признавам обвинувањата“, рече тој.

Неговата улога во „Squid Game“ му донесе награда Златен глобус за „најдобра споредна машка улога во серија“, заедно со номинација за Еми.

Јужнокорејската серија руши рекорди: Squid Game на пат да стане најуспешна серија на Нетфликс

Како серијата „Squid Game“ ја откри страшната вистина за светот во кој живееме?

ВИДЕО | Објавен е првиот тизер за втората сезона на „Squid Game“ и детали од претстојната сезона

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот