Најстарата Србинка има 114 години: Живее во сиромаштија, а за неа се грижи само едниот син

Баба Ѓурѓа / Фото: Скриншот/Јутјуб

Ѓурѓа Марковиќ има 114 години и, официјално, е најстарата државјанка на Република Србија, пишува „Мондо“.

Во својот долг живот, таа родила 11 деца и доживеала да има повеќе од 120 потомци. Според пресметките на семејството, баба Ѓурѓа го доживеала раѓањето на своите потомци до петтото колено и таа им е наврбаба на своите најмлади внуци.

Таа веќе шест години живее во постела, а за неа се грижи само нејзиниот најмлад син Мирослав, заедно со сопругата и синовите. Баба Ѓурѓа живее во куќа без вода, без купатило и во прилично лоши животни услови.

„Никако сум. Не можам да живеам, а не можам ни да умрам“, вели баба Ѓурѓа.

Баба Ѓурѓа / Фото: Скриншот/Јутјуб

Нејзиниот внук Небојша вели дека ѝ носат вода од блискиот извор, со оглед на тоа што нема вода во куќата. Тој би сакал да ѝ даде многу повеќе, но вели дека не може. Куќата е во лоша состојба, може да се урне во секој момент, а еден ѕид е потпрен со дрва за да не падне.

Баба Ѓурѓа е слепа, а освен старост и исцрпеност, нема друга дијагноза. Нејзиниот син Мирослав, кој се грижи за неа, вели дека забележал чудни промени на нејзиното тело.

„Почна да ѝ се менува кожата, да се обновува. Косата ѝ беше бела, а сега е црна. Ѝ израснаа четири нови заби“, вели тој.

Баба Ѓурѓа и синот Мирослав / Фото: Скриншот/Јутјуб

На баба Ѓурѓа ѝ е потребна храна, но и пелени за возрасни, средства за хигиена, гардероба, како и пари за подостоинствен живот. Токму затоа нејзиниот син Мирослав упати апел преку српските медиуми за хуманитарна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот