Најстарата мачка на светот почина на 31 години: Кога дојдов дома, ја немаше, сигурно заминала да умре!

Фото: Wikimedia/SoulMiller90

Најстарата мачка на светот починала на 31 година. Рабл наполнила 31 година во мај, а сопственичката Мишел Херитеж ја добила на подарок кога имала 20 години.

– Секогаш ја третирав како дете. Немам деца и имав друга мачка по име Мег, која почина кога имаше 25 години – рекла сопственичката.

Како што кажала, мачката пред крајот на животот престанува да јаде.

– Стана многу слаба. Заминав еден ден на работа, а кога се вратив, сопругот ми кажа дека Рабл си заминала и дека не се вратила. Веројатно заминала да умре, како што го прават мачките – изјавила Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот