Најстарата ќерка на Мет Дејмон оздраве од коронавирусот

Инстаграм

Холивудскиот актер Мет Дејмон (49) извесно време е „заглавен“ во Европа. Всушност, кога настанала кризата со пандемијата, тој бил во Далкиј, мирно предградие на Даблин, каде што снимал нов филм, а поради забраната за патување, бил принуден да остане во Ирска, каде што е во самоизолација.

Познатиот актер дал интервју за двајца ирски новинари, во кое признал дека моменталната ситуација го плаши, а открил и дека неговото семејство се соочува со вирусот.

Како што раскажал тој, неговата ќерка Алексија (21) била заразена со коронавирусот, а низ оздравувањето поминала без своето семејство, со оглед на тоа дека таа студира во Њујорк, а Мет во Ирска бил придружуван од сопругата Лусијана и ќерките Изабела, Џија и Стела.

„Таа имаше ковид-19 уште на почетокот, заедно со своите цимери. Сите се добро. Одвај чекам сите да се вратиме во Лос Анџелес и да бидеме заедно – рекол Дејмон.

Тој исто така напоменал да се почитуваат мерките и сите да бидат внимателни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот