Најсреќната земја во светот нуди бесплатни патувања: Шанса да ги видите убавините на оваа нордиска земја

Фото: Unsplash

Финска ја задржа својата позиција на земја со најсреќна популација шеста година по ред, според „Светскиот извештај за среќа“. Светскиот извештај за среќа истражува колку луѓето се задоволни од своите животи во разни земји.

Извештајот, кој се занимава и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот „Галуп“.

Фото: Unsplash

Финска е позната по своите зимски пејзажи и спектакуларните глетки на поларната светлина. Друга препознатлива карактеристика на оваа нордиска земја е тоа што се смета за најсреќна во светот, според Светскиот извештај за среќа. Всушност, оваа земја ја држи титулата шест години по ред.

Фото: Unsplash

Надевајќи се дека ќе ја рашири среќата, националната туристичка организација „Посетете ја Финска“ почнува кампања со која ги кани луѓето од целиот свет да дојдат, да ја посетат Финска и да научат да уживаат во животот на фински начин, пишува „Мy Мodernmet“.

„Со оглед на тоа што Финска е најсреќната земја на светот, во јуни организираме мастер-клас лично во Финска. Ако го изберете, добивате четиридневно патување во Финска каде што ќе можете да ги научите методите за пронаоѓање на вашиот внатрешен Финец“ – пишуваат од „Посети ја Финска“.

Насловена како „Мастер-клас на среќата“, програмата ќе се одржи во јуни 2023 година во одморалиштето Куру, дестинација каде што има приватни вили, секоја со свој спа-центар и сауна.

Фото: Unsplash

Иако квалитетот на животот сигурно помага (на крајот на краиштата, Светскиот извештај за среќа ги мери приходите, здравјето, слободата, дарежливоста и отсуството на корупција), за организаторите, финската состојба на умот е вештина. Како таква, може да се научи и да се сподели со другите.

„Веруваме дека среќата не е мистична способност со која сте родени, туку пристап кон животот што можете да го научите“ – пишува „Посети ја Финска“.

Ако сакате да учествувате во овој уникатен мастер-клас и да освоите четиридневно патување во Финска, пополнете го формуларот на веб-страницата на „Посети ја Финска“ и приклучете се на предизвикот на социјалните мрежи, објаснувајќи зошто верувате дека потајно можете да бидете Финец.

Фото: Unsplash

Имате рок до 2 април. Десетте победници ќе бидат објавени во мај. За оние што нема да победат, ќе биде организиран онлајн мастер-клас, па без разлика каде се наоѓате, можете да додадете малку среќа и фински стил на живеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот