Најсмртоносниот ден во Индија: Починаа повеќе од 3.600 луѓе, казни за одговорните кои нема да обезбедат медицински кислород

Ковид-19 во Индија/ Фото: ЕПА

Индија го регистрира најсмртоносниот ден од пандемијата со 3.689 почонати во изминатите 24 часа, а вкупниот број заразени се искачи на 19,5 милиони луѓе со 392.488 новозаразени, покажуваат владините податоци за саботата.

Ова е четврт ден по ред каде Индија регистрира повеќе од 3.000 мртви, додека вториот бран продолжува оставајќи зад себе црни реорди.

Досега во Индија од Ковид-19 починаа 215.542 луѓе.

Индија стана прва земја во светот која надмина 400.000 дневни случаи дневно во саботата. Составите на здравствената заштита се преоптоварени, а најголем проблем е недостатокот на медицински кислород. Дури 34 пациенти починаа во болница во Њу Делхи, а им беше потребен кислород кој го немаше.

Уште 31 со симптоми слични на Ковид-19 со потешкотии во дишењето починааво болница во државата Утар Прадеш. Во неделата одржан е состанок на кој се разгледани мерките преземени за сузбивање на невидениот пораст на заразата. Индија во саботата го отвори новиот круг вакцинација проширувајќи го планот да се вакцинираат сите постари од 18 години, но вакцинирани се само 86.000.

Во Индија, каде здравствениот систем е парализиран, стигнува меѓународна помош од САД, Германија и други земји .

 Додека болниците во Индија се борат да обезбедат потребни количества на медицински кислород, судот во Њу Делхи најави казни за одговорните лица кои нема да успеат навремено да обезбедат кислород за пациентите.

Во изминатите 24 часа продолжува низата од негативни регорди во Индија со 391.488 новоинфицирани со коронавирус, речиси 90.000 повеќе од вчера. Починале уште 3.689 пациенти, со што бројот на смртни случаи во земјата достигна 215.542 од почетокот на пандемијата.

Владата користи копнени, воздушни и поморски врски настојувајќи да обезбеди доволно количество на медицински кислород за најзагрозените болници, кои не успеваат да се изборат со огромниот притисок поради зголемениот број на пациенти, на кои им е потребна хоспитализација.

Управите на неколку болници се најдоа под судска истрага поради недостиг на кислород и пропустот навремено да се обезбедат потребни количества.

– Ова ги надмина сите мерки. Сега е доста, се наведува во соопштението на Вишиот суд во Њу Делхи, потврдувајќи дека ќе почнат да се казнуваат сите кои се одговорни за доцнењето на испораките на медицински кислород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот