Најслаб пласман на ракометарите во историјата на Европските првенства

Поразот од Австрија ја „лансира“ Македонија на 15. позиција

Ракометната репрезентација на Македонија настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска го заврши со една победа против Украина и два порази од Чешка и Австрија, скор кој не беше доволен за да се помине групната фаза.

Воедно, ова е најслаб пласман на ракометарите во досегашните настапи на Европските првенства, на досегашните шест настапи, најслабиот пласман Македонија го имаше на премиерниот настап во 1998 година кога беше последнопласирана 12. репрезентација во Европа.

Според пропозициите на ЕХФ, за третопласираните селекции во групите „резервирани“ се позициите од 13. со 18. место.

Пред нашата репрезентација ќе се пласираат Данска или Унгарија и Франција, 15. место е резервирано нашата репрезентација, додека зад нас ќе завршат селекциите на Швајцарија, Холандија и Црна Гора.
Последните шест места ќе им припаднат на четвртопласираните селекции во групите.

Пласман на Македонија на досегашните настапи на ЕП:
ЕП 1998 – 12. место
ЕП 2012 – 5. место
ЕП 2014 – 10. место
ЕП 2016 – 11. место
ЕП 2018 – 11. место
ЕП 2020 – 15. место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот