Најскапото засилување на Челси до крајот на сезоната ќе игра со два броја?

Фото: EPA-EFE/RODRIGO ANTUNES

Во самата завршница од преодниот рок Челси го обезбеди потписот на Енцо Фернандез кој од Бенфика во Лондон се сели за сума од 121 милион евра.

Аргентинецот на „Стенфорд Бриџ“ ќе го добие дресот со број пет, но тој број ќе биде проблем во Лигата на шампионите. Имено, Жоржињо кој го напутши Челси и премина во Арсенал во носеше „петка“.

Премиер лигата не прави проблем и Енцо ќе има можност во натпреварите во првенството да го носи овој број, сепак во Лигата на шампионите има правило според кое двајца играчи во еден клуб не можат да бидат регистрирани со ист број во иста сезона.

Поради тоа најверојатно Енцо во натпреварите од Англија ќе игра со „петка“ на грбот, додека во најелитното европско натпреварување ќе мора да се одлучи за друг број.

Ќе потсетиме, со сумата од 121 милион евра Енцо стана најскапо платениот фудбалер во Премиер лигата, но кога се сите трансфери во прашање тој е на шестата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот