Најскапиот џемпер на светот! (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Волнениот џемпер на Курт Кобејн е наречен „светитот грал од сите предмети кои тој ги носел“.

Џемперот на лидерот на групата Нирвана, продаден е на аукција во Њујорк за неверојатни 334.000 долари.

Profimedia

Џемперот со копчиња, кој Кобејн го носел во 1993 година за време на изведбата на „Unplugged“ на MTV, продаден е без да е исперен скоро три децении, со сите флеки и дупка од цигара, пренесува BBC.

За сега не е познато кога музичарот последен пат го носел, но проценето е дека до сега, тоа е најскапиот џемпер кој некогаш бил продаден на аукција.

Претседателот на аукциската куќа „Џулејнс“, Дерен Џулејн, го нарече волнениот џемпер на Кобејн „светиот грал на облеката која тој ја носел“.

Кобејн поради огромниот успех кој го постигна групата Нирвана, основана во 1987 година, со години се бореше со славата, депресијата и зависноста од наркотици. Тој изврши самоубиство во април 1994 година, на своја 27 годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот