Најскапи градови за живот во светот во 2020 година

Глобалната економска слика може да биде сосема поинаква следната година, но што се однесува за оваа 2020 година, најскапите градови за живот во светот заземаа уште еднаш свое место на листата. Првото место не припаѓа на еден град, туку на три, пишува Си-ен-ен.
Хонгконг, Сингапур и Осака се најдоа оваа година на врвот на листата која ја состави истражувачкиот и аналитички центар Економист интелиџенс јунит.

Сингапур

Јапонскиот град Осака го замени на првото место Париз, па на врвот оваа година се најде азиското трио.

Осака

Њујорк го зазема четвртото место, додека Лос Анџелес скокна на осмото.

Хонгконг

Оваа листа е направена со споредување на цените на 160 добра и услуги во 133 градови ширум светот и се прави веќе 30 години.

Њујорк

Раст и пад

Француската престолнина падна на петтото место, кое го дели со уште еден европски град, швајцарскиот Цирих.

Париз

Израелскиот град Тел Авив е единствен град од Блискиот Исток кој се најде во првите 10, скокнувајќи оваа година за три места и заземајќи ја седмата позиција.

Цирих

Швајцарскиот град Женева падна од петто на 10-то место. Додека Копенхаген, кој беше седми минатата година, повеќе не е во првите 10.

На дното на листата се најде сирискиот град Дамаск, а веднаш над него Ташкент (Узбекистан). Па, еве како досега изгледа листата на 10 најскапи градови во светот за 2020 година:

1. Сингапур
2. Осака
3. Хонгконг
4. Њујорк
5. Париз
6. Цирих
7. Тел Авив
8. Лос Анџелес
9. Токио
10. Женева

Лос Анџелес
Токио
Женева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот