Најсилната европска економија полека „се исправа на нозе“

Челникот на Сојузната агенција за труд, Детлеф Шел, изјави дека најмалку една година ќе и биде потребна на земјата за да се опорави германскиот пазар на труд од последиците предизвикани од пандемијата со корона вирусот.

Експертите соопштија кога очекуваат Германија да излезе од кризата предизвикана од пандемијата од корона вирусот.

Околу 2,85 милиони германци останаа без работа, а невработеноста во најголемата европска економска сила се искачи до 6,2 отсто.

Челникот на Сојузната агенција за труд, Детлеф Шел, изјави дека најмалку една година ќе и биде потребна на земјата за да се опорави германскиот пазар на труд од последиците предизвикани од пандемијата со корона вирусот.

-Опоравувањето сигурно ќе потрае до 2022 година или можеби и до 2023. додека се вратиме на вообичаеното ниво на вработеност. Но веруваме дека доа може повторно да се случи изјави Шел за новинската агенција ДПА.

Тој очекува зголемување на невработеноста за време на летниот период, што според него е и вообичаено, но не очекува дека бројот на невработени ќе надмине три милиони.

Како што вели, сегашната криза е поврзана со корона вирусот а не со некои други економски или структурни причинители, што значи дека опофавувањето може да започне веднаш штом одредени фактори тргнат во вистинска насока.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот