Најшокантните фудбалски тандеми

twitter/football365

Фудбалот често пишува необични приказни, а меѓу таквите спаѓаат и чудните и шокантни тандеми. Изгледа речиси неверојатно дека некои сегашни тренери играле заедно, со тркалото на судбината некако ги споило овие фудбалери.

Маурицио Покетино и Роналдињо
Сегашниот менаџер на Тотенхем од 2001 до 2003 година го носеше дресот на ПСЖ, во време кога во Париз својата европска авантура ја започна сега веќе легендарниот Бразилец, Роналдињо. Покетино од тие времиња е непрепознатлив, со тогашниот тренд кој ги зафати поголемиот дел од фудбалерите, долгата коса.

Дејвид Мојс и Дејвид Бекам
Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“ во сезоната 1994/95 настапуваа заедно, но не во славниот англиски клуб, туку во третолигашот Престон. Мојс тогаш беше искусен фудбалер и асистент на тренерот додека Бекам беше тинејџер кој пристигна во Престон на позајмица. Не се задржа долго, одигра пет натпревари на кои постигна два гола, а еден беше директно од корнер.
– Бекс беше мршаво момче и поради тоа му кажав на тренерот Гери Петерс дека нема да биде доволно силен за нас. „Не, ќе биде добар“, ми одговори Гери. И навистина така испадна. Кога се пласиравме во повисока лига, Дејвид и неговиот татко не посетија, а тој во тоа време беше ѕвезда во Манчестер јунајтед – изјави Мојс.

Ривалдо и Каземиро
Легендарниот Ривалдо кариерата ја заврши во 2015 година и тоа во бразилскиот нисколигаш Моги Мириму, кој беше еден од неговите први екипи во професионалната кариера. Освен што беше фудбалер, Ривалдо ја извршуваше и претседателската функција и во еден момент го стави клубот на продажба. Тој на својот инстаграм профил бараше инвеститори. Но, последниот клуб од најсилната лига во Бразил му беше Сао Паоло иако имаше 38 години. Во Сао Паоло соиграч му беше младиот и талентиран фудбалер, е денеска ѕвезда на Реал Мадрид, Каземиро.

Еден Азар и Патрик Клајверт
Почетокот на една и крајот на друга блескава кариера се споија во Лил во сезоната 2007/2008. Тогаш тинејџерот Еден Азар полека влегуваше во професионалниот фудбал, во време кога последните голови во кариерата ги постигнуваше Холанѓанецот Патрик Клајверт.

Хари Кејн и Џејми Варди
Додека Кејн и Варди во сезоната 2016/17 се бореа за титулата најдобар стрелец во Премиер лигата, англиските новинари пронајдоа фотографија на која двајцата репрезентативци седат на клупата на Лестер. Дејвид Наџент и Крис Вуд добија предност во првиот тим пред Варди и Кејн кој кон крајот на средбата влезе од клупата. Кејн кога му заврши позајмицата се врати во Тотенхем каде стана увезда, додека приказната за Варди и Лестер беше вистинска бајка од соништата.

Деле Али и Алан Смит
Деле Али е ѕвезда на Тотенхем и англиски репрезентативец, додека Смит е најпознат по настапите за Лидс со кого играше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Но, со преминот во Манчестер јунајтед, неговата кариера тргна во надолна линија и на крајот заврши во третолигашот МК Донс. Токму во МК Донс, Смит и Али една сезона беа соиграчи.

Маруан Шамак и Маурицио Покетино
Кариерата на Покетино повторно имаше чудно партнерство во Франција, овој пат во Бордо. Аргентинецот таму беше соиграч со младата ѕвезда во подем, Маруан Шамак кој подоцна стана едно од најголемите промашувања на Арсенал и тренерот Арсен Венгер.

Тиери Анри и Џон Арне Рисе
Ривалствата помеѓу Арсенал и Ливерпул се едни од најголемите во Премиер лигата. Во нив тешки и исцрпувачки дуели еден против друг имаа Анри и Рисе. Но овие двајца фудбалери се познаваат од порано, во Монако, Анри ја играше последната сезона во Франција, а Рисе првата.

Едгар Давидс и Вилфред Заха
Вилфред Заха речиси целата кариера ја помина во Кристал Палас, освен неуспешниот излет во Манчестер јунатед по што повторно се врати во тимот од Лондон. На почетокот од професионалната кариера, во 2010 година Заха во Кристал Палас имаше славен соиграч, Холанѓанецот Едгар Давидс кој токму во тој клуб ги одигра последните натпревари во прволигашки тим.

Јан Облак и Едерсон
Португалскиот прволигаш Рио Аве во сезоната 2012/13 го имаше најдобриот голмански тандем не само во клупската историја туку и во португалската лига таа сезона. Прв голман беше 19-годишниот Јан Облак кој сега ја чува мрежата на Атлетико Мадрид, додека негова резерва беше една година помладиот Едерсон кој пат денеска го брани голот на англискиот првак, Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот