Најрано цутење на јапонските цреши во последните 1200 години – последица на климатските промени

unsplash

Веќе повеќе од илјада години, цутот на црешите во Јапонија ја одбележува пролетта рефлектирајќи ја минливата убавина на самата природа. Но денес, овие цутот на јанпонските ја носат и тежината на климатските промени.

Оваа година по невообичаено топлата пролет, Кјото го пречека цутотот на илјадниците цветови на црешите, но, многу порано отколку што се очекуваше.

До сега, ова е најраниот цут на црешите во овој град. Имено, на 26 март, официјалните лица објавија дека цветот на црешите во Кјото расцветале целосно.

Цутот само на јапонската цреша е детално документиран дури 732 пати од 9 век, што претставува најдолг и најкомплетен запис за сезонски, природен феномен од кое било место во светот.

unsplash

Сега научниците издвоија јасен тренд кој изгледа многу слично на самите климатски промени. Бидејќи пролетта на Северната хемисфера пристигнува порано поради глобалното затоплување, некои растенија и животни исто така ги менуваат своите модели на активност, вклучително и овие цветања.

Се разбира, цветовите на црешата не се единствените растенија погодени од светот што брзо се загрева. Слична појава имаше и при зимското цветање на јапонската кајсија, потврдувајќи ги неодамнешните промени поврзани со глобалното затоплување, пишува „Science Alert“.

Од 1830-тите години, податоците покажуваат дека јапонската цреша започнала да цвета порано и порано. Помеѓу 1971 и 2000 година, беше откриено дека овој специфичен вид дрвја цвета во просек една недела порано од сите претходни просеци забележани во Кјото.

Црешите во Јапонија се сметаат за „најдобро документирани примери за биолошките ефекти на климатските промени во светот“, велат научниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот