Најпрометниот европски аеродром „Хотроу“ се соочува со потешкотии

Откажани се околу 60 слетувања, што претставува речиси 10 проценти од вкупниот број пристигнувања.

Поради технички проблеми на најпрометниот европски аеродром Хитроу, сообраќајот и денеска е нарушен како што беше изминатиот викенд.

Откажани се околу 60 слетувања, што претставува речиси 10 проценти од вкупниот број пристигнувања.

Вчера беа откажани 130 летови.

Денеска се откажани летовите на „Бритиш ервејс”, додека вчера беа откажани и летови на други авиокомпании.

Авиокомпанијата во соопштение информира дека техничкиот проблем кај аеродромските системи Хитроу сега е решен, по 10 часа прекин на сите терминали.

На аеродромот е испратен и дополнителен персонал за да им помогне на патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот