Најпродаваниот електричен автомобил во светот стигна до 400.000 примероци

Имено, моделот на „Nissan“ на струја овие денови ја достигна бројката од 400.000 продадени единици ширум светот. За овој резултат му беа потребни нешто повеќе од 8 години и две генерации.

Првиот „Leaf“ беше лансиран во декември 2010 година, а неговиот наследник пристигна во 2017 година.

Во „Nissan“ имаат пресметано дека примероците на „Leaf“ кои се движат по патиштата ширум светот имаат поминато 10 милијарди километри.

Според јапонскиот производител, на тој начин е заштедена количина од 3.8 милиони барели нафта, која инаку би се употребила за погон на автомобилите кои користат мотори со внатрешно согорување, наместо електричните.

„Nissan Leaf“ денеска се изработува во три фабрики, на три континенти – во Јапонија, Англија и во САД.

Oвој автомобил се продава во преку 50 држави во светот, а планот е во првата половина од оваа година да се појави и на 6 нови пазари во Латинска Америка, како и 7 држави во Азија и Океанија, до крајот на годината.

„Nissan Leaf“ беше најпродаваниот електричен автомобил во Европа во 2018, со преку 40.000 испорачани единици, но и вкупно најпродаван модел во Норвешка.

Инаку, до првите 100.000 продадени примероци „Nissan“ стигна во 2014, а година подоцна продажбата достигна 200.000 единици. Бројката од 300.000 испорачани возила „Nissan Leaf“ беше надмината во 2018, a во март 2019 дојде до продажба од 400.000 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот