Најприближни до совршенство: Ова се најубавите 10 жени на планетата
Се верува дека совршеното лице е она што е сосема симетрично, односно на кое двете страни му се потполно еднакви, пишува Стил.
Оваа формула на убавина вклучува доста математика и прецизни податоци. Колку што се посиметрични страните на лицето, толку личноста се смета за поубава. Многу ренесансни уметници како Да Винчи, Микеланџело и Рафаело го користеле златниот пресек за да постигнат рамнотежа и хармонија во своите дела.
Оддалеченоста меѓу линијата на челото и дното на брадата треба да се подели на три еднакви дела. Постојат уште некои пропорции кои можат да влијаат на привлечноста – на пример, ширината на очите треба да биде еднаква на растојанието меѓу очите.
Докторот Хулија де Силва ги проучувал лицата на познатите холивудски дами и стигнал до следниве резултати. Според неговите резултати, овие дами се најприближни до совршенството.
Кара Делевињ
Кејти Пери
Натали Портман
Скарлет Јохансон
Кејт Мос
Аријана Гранде
Амбер Херд
Бијонсе
Бела Хадид