Најпрецизниот „шутер“ на Европа потпиша за Торонто
Томас го привлече вниманието на Торонто Репторс со чиј клуб официјално потпиша договор на три години.
Американецот оаѓа во канадскиот тим кој што минатата сезона ја освои титулата во НБА лигата, а поради политиката на клубот не се познати финансиските детали во неговиот договор.
Official: @Theiceman_21 is a Raptor. #WeTheNorth
?️ https://t.co/reJDeFjCvc pic.twitter.com/dhwpwHvkxH
— Toronto Raptors (@Raptors) July 19, 2019
Ланските две години во Шпанија имаше просек од 12 поени по меч и 1.6 асистенција за околу 21 минута помината на паркетите во сите натпреварувања.
Кога станува збор околу неговиот шут, имаше фантастичен процент (51,4%), а ништо послаб не беше ниту од дистанца каде има неверојатни 48,1% успешност.
Еден интересен податок објави познатата американска компанија која се занимава со анализа и обработка на кошаркарските податоци. „Синерџи Спортс“ информира дека Томас е најдобриот шутер надвор од НБА лигата, реализирал 82% скок-шутеви после додавања од соиграчите, односно 99% шутеви кога бил оставен целосно сам.