ФОТО | Најпознатите изгледи на Греми наградите – од прозирниот фустан на Џенифер Лопез до јајцето на Лејди Гага

Секоја година Греми наградите на едно место ги собираат најголемите музички ѕвезди, за да ги добијат најпрестижните музички награди за изминатата година.
Покрај тоа што се слави музиката, настанот секогаш значи и претставување на новите модни трендови и гламур, со што ѕвездите се запишуваат во историјата како модни икони. И додека сè уште ги средуваме впечатоците од годинешното 65 издание на Греми, можеме да се потсетиме на највпечатливите модни изданија низ годините наназад.

Доли Партон, 1977
Доли Партон изгледаше како вистинска барби-кукла на Греми церемонијата во 1977, носејќи заслепувачки комбинезон во интензивна розова боја во комбинација со розова шминка и секако нејзината иконска волуменозна руса коса.

Принц, 1988
Во текот на неговата долгогодишна кариера Принц секогаш ги поместуваше границите кога станува збор за неговиот стајлинг. Така беше и на 30 издание на Греми наградите во 1988 година. Тој се појави во бел костум со црни точки во комбинација со исти такви високи потпетици и ракавици во црна и бела боја.

Џенифер Лопез, 2000
Џенифер Лопез буквално испиша историја со нејзиниот изглед на додоелувањето на Греми наградите во 2000 година. Таа носеше долг фустан во зелени нијанси, длабоко деколтиран до под папокот. Извршниот претседател на Гугл, Ерик Шмит вели дека луѓето сеуште пребаруваат фотографии од фустанот, а своевремено бил најпребаруван предмет на Гугл.

Бритни Спирс, 2000
Бритни Спирс изгледаше како актерка од класичен холивудски филм, инспирирарна од Мерлин Монро. Поп сензацијата блесна во бел фустан, креација на Рендолф Дјук, крзнена наметка од Оскар Де Ла Рента, а го комплетираше својот изглед со сребрен дијамантски ѓердан.

Лејди Гага, 2010
Лејди Гага се појави на доделувањето на Греми наградите во 2010 година инспирирана од вселената и навистина изгледаше како да не е од овој свет. Таа носеше скулпторски фустан на Армани во комбинација со невообичаени украсени чевли на висока платформа. Таа ги доби своите први две Греми награди на оваа церемонија.

Лејди Гага, 2011
Уште едно спектакуларно појавување Лејди Гага приреди во 2011 година, момент кој никој не можеше да го пропушти. Се појави во внатрешноста на огромно јајце, кое го носеа полуголи машки модели. На сцената за време на нејзиниот настап таа излезе од јацето, облечена во жолта краеција со жолт, широк шешир.

Ники Минаж, 2012
Ники Минаж се потруди нејзиното појавување во 2012 година да биде запаметено во историјата на Греми наградите. Таа се појави во долг, црвен сатенски фустан на Версаче украсен со дизајнерскиот потпис ,,Главата на медуза“. Впечатливо беше тоа што се појави со партнер кој беше имитатор на Папата.

Ријана, 2015
Ријана пристигна последна на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите во 2015. Изгледаше како принцеза на Дизни, облечена во фустан на Џамбатиста Вали. Фустанот беше изработен од розов тул со висок струк, а го искомбинира со едноставна собрана коса. Таа подоцна изјави дека фустанот го нашла пребарувајќи онлајн и веднаш знаела дека мора да го носи на церемонијата.

Сило Грин, 2017
Сило Грин имаше малку бизарен изглед за доделувањето на Греми наградите во 2017 година, кога се појави во металик златна наметка со маска на лицето инспирирана од суперхерој и долги златни ракавици. Неговите фанови, во изгледот го препознаа неговото алтер-его Гнарли Дејвидсон.

Бијонсе, 2017
Истата година, 2017 и Бијонсе ја одбра златната боја како нејзин заштитен знак вечерта. Таа изгледаше зачудувачки добро во блажена состојба, носејќи златен фустан изработен за неа од дизајнерот Питер Дандс. На главата носеше еден вид венец инспириран од сонцето со ореол исто така во златна боја.

Били Портер, 2020
Били Портер секогаш успева да привлече внимание на црвениот тепих, што беше случај и во 2020 година. Тој носеше светкав, син комбенизон и шапка која имаше завеса од сребрени реси, кои се отвораа со притискање на копче. Тој носеше сина сенка за очи и дијамантски ѓердан околу вратот.

Лил Нес Икс, 2020
Лил Нес Икс го одбележа своето појавување на Греми наградите во 2020 со розов каубојски костум од Версаче во интензивна розова боја.

ФОТО | Најдобро и најлошо облечени на Греми: Бомбастично деколте и шлиц од кој боли глава
65. издание на наградите Греми: Хари Стајлс, Сем Смит и Бијонсе ја одбележаа вечерта