Најпознатиот плус-сајз модел позираше целосно гола истакнувајќи го својот труднички стомак

ешли греам
Фото: Принтскрин / Instagram / ashleygraham

Најпознатиот плус сајз модел на дешеницата, Ешли Греам објави фотографија на „Инстаграм“ на која позира целосно гола. Во таа прилика, моделот го истакна својот труднички стомак.

Ги покрила градите со раката а на задникот ставила мала шкртаница при објавувањето на фотографијата. Позирајќи во бањата, Ешли на себе носи само пешкир во кој ја завиткала својата коса после миење.

Фото: Принтскрин / InstaStory / ashleygraham

Веста за бременоста моделот ја објави пред повеќе само три недели на социјалните мрежи. Таа очекува уште едно дете со сопругот Џастин Ервин.

Греам, исто така, деновиве постојано објавува фотографии и видеа на својот инстаграм-профил од летниот одмор.

Инаку, Ешли е во брак со сопругот Џастин од 2010 година, а двојката има и син, Исак, кого манекенката го роди во јануари минатата година.

Видео на денот